Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во струшко, тешко повреден е 46-годишен жител на селото Делогожда.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на локален пат меѓу струшките села Мислодежда и Драслајца, меѓу возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.В.(42) од с.Велешта и возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.М.(46) од с.Делогожда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.