Министерството за внатрешни работи во текот на вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Како што соопшти МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник.
Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.