Во Скопје околу 14.00 часот на ул. „Индира Ганди“ полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во координација со Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода А.З.(43) од Скопје.
Како што соопштија од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Од МВР велат дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.