МВР ин формира дека приведени се насилници кои тепале мајка, сопруга и поранешна партнерка.

-Денеска (28.07.2024) во 08.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(46) од Скопје затоа што физички ја нападнал неговата 44 – годишна поранешна партнерка од Скопје и ѝ се заканувал со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

-На 27.07.2024 во 18.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал својата 79-годишна мајка. Тој бил спроведен здравствена установа, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

-На 27.07.2024 во 23.15 часот во СВР Куманово, 36-годишна жена од Куманово пријавила дека околу 22.45 часот во дворот од нејзината куќа била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Д.П.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

-Денеска (28.07.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ј. (29), кој оштетил и врата на една соба. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.