Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година, со што сторил кривично дело согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Во соопштението од Јавното обвинителство се наведува дека во раните утрински часови осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што почнал да го допира.
Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција, соопштија од ЈО.
Со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.
Судијата на претходна постапка попладнево ги прифатил предложените мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.