Во угостителски објект во Гостиварско, полицијата уапсила тројца албански државјани, кои немале исправни документи за престој во земјава.

На 11/12.07.2022 во периодот од 23.40 до 00.40 часот во с.Чегране, Гостиварско, била спроведена акциска контрола и во угостителски објект била лишена од слобода К.Р.(43) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, по член 380 од Кривичниот законик. 

 

Во објектот, исто така, како гости биле затекнати А.Л.(36) и К.М.(31) од Република Албанија, кои биле приведени поради непријавен престој – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.