Полицајци, по претходно добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, денеска извршија претрес во домот на Т.Т. (43) во скопското село Јурумлери.
При претресот е пронајдена марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага и дробилка.
Како што соопшти МВР, Т.Т. откако ќе набавел поголема количина кокаин и марихуана, ја препакувал во помали пакувања и ја продавал.
Т.Т. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.