МВР информира дека синоќа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Биро за јавна безбедност и Секторот за внатрешни работи Штип спровеле заедничка контрола во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во ноќен клуб во Виница.

При контролата, од страна на Управата за јавни приходи е сочинет записник за неиздавање на фискални сметки, а од Државниот пазарен инспекторат записник за непоседување лиценца.

Од страна на полицијата во објектот после 24 часот се легитимирани 19 малолетници и едно лице кое врши работи од обезбедување без лиценца за обезбедување, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.