Момче влегло да се капе во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош и не излегло. Екипи трагаат по исчезнатото момче.

„На 16.07.2023, во 13:30 часот, во СВР Струмица, од итната медицинска помош било пријавено дека околу 13 часот, М.П. (29) од с. Дабиле, Струмичко, влегол во водите од браната во близина на селото Дрвош, Струмичко, и не излегол“, соопшти СВР Струмица.

За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.