Денеска (31.01.2023) на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници  од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.А.(42) од Кичево.

Тој бил осуден на казна затвор од три години, а бил баран по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје заради бегство од затворот. Лицето е спроведено во установата за доиздржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.