Денес околу 15.00 часот велосипедист скршил колк при пад на тешко пристапна пашачка патека под средно Водно- јавуваат од ЦУК.
По добиената пријава на 112 екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата а до повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека. Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош. Голема благодарност од ЦУК до докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки – велат од ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.