Вчера во 15.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено патничко возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот Д.П.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот, соопшти МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Велес, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.