Полициски службеници од СВР Велес вчера ја привеле 32 годишната Р.С. од Велес, осомничена дека од лицето Т.Ѓ. (54) години од Велес одзела пари.

Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите, информираат од СВР Велес.

Од СВР Велес велат дека осомничената била задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На Т.Ѓ вчера му се слошило пред дуќаните кај Новиот мост во Велес, по што била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт без траги на насилство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.