Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштија оттаму.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.