Во државава се активни три пожари, а вчера имало вкупно 27, информира изутринава Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени борова шума и сува трева.

ЦУК соопштува дека се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани,  Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар. Пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа, депонии



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.