Вчеравечер во 20:50 часот Б.Ф.(48) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека половина час пред тоа на работното место на Интерното одделение во тетовската Клиничка болница, 44-годишниот А.Ј. од тетовско Непроштено се однесувал агресивно кон него и му се заканувал.

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.

Ова е втор инцидент во кој нападнато е медицинско лице во болницата овој месец. На 8 ноември, на хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница физички бил нападнат вработен, а напаѓаќот употребил и остар предмет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.