СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанецот К.Л.(59), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или прикривање на необработен архивски материјал”.

Пријавениот, управник на експозитура во АД Пошта, во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година без да има дозвола и одобрение добиени од Државниот архив за уништување на предметниот службен материјал, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.