Денеска околу 00.40 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Х.Л. од Украина.

Според пријавеното, тој во Градски парк во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои потоа му одзеле паричник со лични документи, пари и мобилен телефон, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.