Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во соработка СВР Струмица и Управата за јавни приходи вчера извршиле контрола во повеќе казина и автомат клубови на подрачјето на Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
При извршената контрола од страна на УЈП, како што се посочува, во четири објекти биле констатирани неправилности во однос на водење книга за благајна, неистакнати правила за игра на јавно место, нередовно водење сметководствени книги и неправилности во книгите за дневен промет. Исто така, во едно казино дневниот промет не бил пријавен подолг период, додека во друго казино бил пронајден покер апарат со спорен сериски број.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.