Вчера полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба“ од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери, соопшти МВР.
Имено, по преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник – ученик во училиштето од с.Петровец, скопско. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Притоа, дел од компјутерите биле пронајдени во продажен објект на бул.„Партизански одреди“, при што сопственикот изјавил дека ги откупил од малолетникот.
Предметите биле вратени во училиштето, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.