Жив си а не си. Вака може да се опише казната доживотен затвор која во моментов во Македонија ја издржуваат 46 осуденици.Тие се сместени исклучиво во затворот „Идризово“ бидејќи за вакви лица не се предвидени други затворски установи.
Ваквите осуденици во принцип не се разликуваат многу со останатите „колеги“. И тие се придружуваат на куќниот ред на затворот, освен што не смеат да користат викенд отстуство.
За какви дела осудени на доживотен затвор
„Република“ ја праша Управата за извршување на санкции за делата за кои се осудени овие лица и оти најчестото дело е силување.
Најчесто се осудени против животот и телото, против половата слобода и половиот морал и против јавниот ред-објаснуваат од Управата.
Според Казнениот законик доживотен затвор не може да му се изрече на сторител што во време на извршувањето на кривичното дело нема наполнето 21 година. За овие лица постои надеж дека ќе бидат помилувани а со тоа да добијат намалување на казната.Но, за тоа да се случи потребно е да имаат одлежано најмалку 15 години од казната.
Последниот случај на осуден на доживотен затвор е за лице од Кочани кое уби жена на свиреп начин, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.Лицето во меѓувреме почина.
Во „Идризово“ на доживотен затвор има многу познати случаи кои ја потресоа јавноста.
Во т.н девето крило меѓу убијци на своите сопрузи, сопруги,мајки лежи и една жена-Блерта Поцеста, иселеничката од Италија која во семејната куќа во Дебар ги уби родителите и 14 годишната сестра.
Во „Идризово“ доживотно е и Дино Диновски наречен македонскиот Раскољников кој убиваше баби со секира, потоа Николче Гигевски со прекар Кинезот што уби двајца сопружници во Драчево.Меѓу нив се и терористите од Диво насеље и Агим Исмаиловиќ, убиецот од Смилковското езеро.
Станар во Идризово е Тони Денковски за тројното убиство во ресторанот „Биг фиш“ во скопската населба Аеродром, кога тој пред повеќемина очевидци влегол во ресторанот и еден по еден застрелал тројца луѓе со кои имал должнички односи од кои сите починаа.
Доживотна казна отслужува и Бесим Алити од Тетово за убиство на двајца полициски инспектори како и гостиварскиот полицаец Јаким Трифуновски, кој во февруари 2012 година усмрти двајца негови сограѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.