28-годишниот скопјанец А.П., кој во вторникот до смрт го избол татко му, бил со нарушено психичко здравје и лекуван во психијатриската болница „Скопје“ лоцирана во Бардовци, дознава порталот „Скопје1“, според чии информации синот убиството го извршил шест дена откако бил пуштен дома.

Таткото, стравувал дека може да биде убиен, а се жалел и на пријатели, дознава „Скопје1“ од запознаен со случајот, кој имал комуникација со сега убиениот. Според него, таткото прво одбивал да го земе син му зошто бил сигурен дека не бил во добра психичка состојба. Додава дека откако секој ден добивал повици, се предомислил. Според информации на „Скопје1“, таткото бил убиен со убодни рани и во главата. „Скопје1“ поседува и листа од повици, за кои сведокот тврди дека се разговорите кога сега убиенот побарал помош.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.