При претрес во стан на Љ.Г. (22) во скопската населба Влае вчера се пронајдени две поголеми пакувања со околу 350 грама амфетамин, дигитална вага, половина килограм марихуана, 333 парчиња екстази и предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

Од Министерството за внатрени работи информираат дека, Љ.Г. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ, а во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Според добиените информации, пронајдената дрога требало да биде продадена и дистрибуирана на други дилери и уживатели за новогодишната ноќ, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.