Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против А.Ф.(26) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела, и тоа „учество во толпа што ќе изврши кривично дело”, казниво по член 385 и „предизвикување општа опасност”, казниво по член 288 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
„На 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели” и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието на РСМ“, се вели во соопштението.
По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со АНБ, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него и во координација со ОЈО Скопје тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка, додаваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.