Полициски службеници денеска го привеле 26-годишниот Е.Х. од Арачиново, кој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна.
Денеска (06.02.2024) во 10.15 часот на ул. „Петар Манџуков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(26) од скопското село Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Чаир, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.