Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 11.

Како што соопшти ЦУК, од нив, актиен се уште е еден, во Општина Македонск Брод, над село село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки. Пожарот е на многу висок и на непристапен терен. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод.

Другите 10 изгаснати, од вкупно 11-те пожари во последното деноноќие биле во општините:

– Општина Чашка, кај село Крива Круша (каде што горела сува трева и папрат);
– Општина Арачиново, кај село Арачиново (ниска вегетација и ѓубриште);
– Општина Гази Баба, покрај булевар „16 Македонска Бригада“ (ниска вегетација);
– Општина Центар, покрај улица „Самуилова“ (запалено дрво);
– Општина Прилеп, кај село Врбјани (ниска вегетација);
– Општина Чешиново – Облешево, два пожари, кај село Облешево (стрниште) и кај село Уларци (стрниште);
– Општина Куманово, село Речица (ниска вегетација);
– Општина Старо Нагоричане, два пожари, кај село Пелинце (отпадоци) и кај село Младо Нагоричане (каде што горела ниска вегетација и остатоци од насади од пченка).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.