Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во последното деноноќие имало пет пожари на отворено, но сите се изгаснати.
Според ЦУК, утрово нема активни пожари на отворено, а во петте вчерашни горела сува трева и ниска вегетација во близина на фирмата „Југокомерц – Кавадарци“, кај селото Могила, кај селото Полето во Општина Делчево, како и во Општина Долнени – кај селото Сенокос и кај месноста „Три Багреми“.
Според последниот извештај на Секторот Е-112 во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1 607 повици до изминатото деноноќие. Најмногу повици биле упатени кон Полицијата и Итната медицинска помош, конкретно по 45,71 отсто од повиците за итни случаи. Другите повици биле упатени кон Територијалните единици за противпожарна заштита, АМСМ, а ЦУК ги решавал, координирал итните случаи за комбинирано дејствување. Конкретно, ЦУК координирал интервенции при што, покрај дејствувањето на Полицијата, Итната медицинска помош, пожарникарите и АМСМ, било потребно координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од ЦУК, информира ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.