Во периодот од 17.10.2022 до 23.10.2022 година спроведена е засилена акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 104 возачи.
Од нив, 50 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 30 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопштија од МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.