Експлозивна направа поставена на банкомат во Бутел утрово е детонирана при што оштетени се три возила.

Од МВР за МИА информираат дека утрово во 3:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.

Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.