Три години затвор му досуди судијката Љубинка Башевска на возачот Јордан Ѓорѓиев за сообраќајката кај „Сити мол“, во која загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш. Тој доби и забрана за управување моторно бозило од Б категорија во период од три години од правосилноста на пресудата.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје за висината на казната.

При изрекувањето, судијката Љубинка Башевска изрази длабоко сочувство до членовите на семејството на жртвата кои не беа лично присутни на изрекувањето на казната.

Ѓорѓиев, кој минатата недела призна вина, се гонеше за делото тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.