Утрово во 04.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во 04.20 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(75) од Свети Николе и товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.