Вчера во 14 часот и 45 минути во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 60-годишниот тетовец Д.Б. кој претходно бил пријавен од неговата 56-годишна сестра дека во семејниот дом физички ја нападнал нивната 79-годишна мајка.

Тетовецот е задржан во Полициската станица Тетово и, како што соопштуваат од СВР Тетово, по документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.