Основното јавно обвинителство – Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Селце, кој при семејно насилство, со умисла ја убил сопствената мајка.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена​.

Како што информира ЈО, вчера во дворот на семејната куќа во која живееле, осомничениот, без повод и причина, ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира.

– Со ваквото дејствие тој сторил кривично дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.