Полициски службеници привеле 43-годишен тетовец, кој бил пријавен од неговите родители дека им се заканува.
При приведувањето полицијата кај него пронашла марихуана.
Синоќа во 2З:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Ф.И.(43) од Тетово. Тој претходно бил пријавен дека околу 23:00 часот агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители во нивниот дом. Притоа, кај Ф.И. била пронајдена и марихуана – информираат од МВР.
Тој е задржан во Полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.