Вчера во 18.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Туристичка“ и улица „Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено мастер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Љ.Н. од село Горно Лакочереј, охридско и велосипед управуван од 67-годишната В.К. од Охрид, извести МВР.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.