Вчеравечер во 20.00 часот во Прилеп, на бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“, товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.И. (61) удрило во пешакот В.Н. (64) од Прилеп.

Во несреќата В.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница – Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.