Вчера во 14.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар-
Градец, во село Сенокос, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(25) од Градец и патничко возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управувано од Ш.К.(50) од Сенокос.

Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетен сопатник во возилото со гостиварски регистарски ознаки, констатирани во Угрентен Центар во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.