Во 13:30 часот патниот правец Кичево-Гостивар кај с.Колари, затворен е во двата правци поради сообраќајна незгода.

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патниот правец Кичево – Гостивар кај селото Колари, информира АМСМ.

До овој момент се уште нема информации дали во сообраќајната несреќа има повредени или жртви. Станува збор за делница која со години е под реконструкција и каде поради лошите услови на патот, но и често поради неодговорното управување со возилата се случлуваат сообраќајни несреќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.