Шеесет и седумгодишен возач тешко ја повредил сопствената ќерка додека го паркирал автомобилот во двор. Несреќата се случила во село Куманичево, а жената со тешки повреди била донесена во болница.
Вчера во 19:10 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општата болница во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ј.Ч.(43) од село Куманичево. По преземени мерки, полициски службеници констатирале дека околу 16:30 часот во двор од куќа во село Куманичево, нејзиниот татко Ц.Ч.(67) додека го паркирал своето возило ја удрил Ј.Ч. со возилото, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.