На автопатот А-1, во правец од с.Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник Негорци, вчера во 13:10 часот нсе случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М.Ќ.(30) од с.Прдејци, патничко возило „форд фиеста“, со српски национални ознаки, управувано од М.Б. (68) од Република Србија и товарно возило „цитроен“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од Р.Ј. (27) од Гевгелија, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., возач на возилото „фолксваген голф“, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.