Вчера во 17.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Челопек – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Челопек и патничко возило „фолксваген туран“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Милетино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.