Во близина на Граничниот премин Табановце на 7 август околу 23.20 часот во правец кон граничниот премин, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т. од струмичко Пиперево.

Како што соопштија од МВР, притоа било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.

За настанот бил известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, од чија страна на возачот му и издаден записник за извршен инспекциски надзор, одземена е сообраќајната дозвола, издадено е решение за исклучување од сообраќај и издаден е прекршочен платен налог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.