Санкционирани се 262 возачи на мотоцикли за направени прекршоци во периодот од 4 до 10 јули во рамки на засилена акциска контрола на територијата на државата.

Од нив, 182 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 45 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци – соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР информира дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.