На 18-ти јануари 2023 година, во 13:20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга-Радожда, се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица.
Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот, управувано од страна на 36-годишниот А.Б. од селото Заграчани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 30-годишната Б.М. од селото Биџево, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, констатирани во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.