Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице на возраст од 63 години за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 ст.2 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.
На 23 август, осомничениот нападнал двајца полициски службеници од СВР Велес, нанесувајќи им телесни повреди. Откако управувајќи трактор не сопрел на зададените звучни и светлосни предупредувања од полицајците, туку продолжил да се движи кон индустрискиот дел од градот, оштетените со полициско возило го стигнале.
На знак од еден од оштетените со светлечка палка СТОП и гласно упатено барање да запре, осомничениот свртел со тракторот во лево и продолжил да се движи во правец директно кон оштетените. Со тракторот удрил најпрвин во едниот, а потоа и во другиот полициски службеник. Полицајците се обиделе да го запрат, но тој продолжил да ги удира со боксови. Кога конечно успеале да го совладаат, им се заканил дека ќе го запаметат, како и дека ќе ги уништи нив и нивните семејства.
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, особено со оглед на упатените закани кон оштетените, јавниот обвинител достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.