Македонскиот поп пејач Александар Тарабунов, преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопшти дека вчера бил уапсен за време на музичкиот настап во Битола, посветен на Тоше Проески и Аки Рахимовски, на кој беше придружуван од Камерниот оркестар на Битола.
Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапував, како да сум најголем криминалец. Со лисици и со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот нè држеа до 8 сабајле, на крај нè пуштија така, слободни сте… Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, сè е решено, напиша Тарабунов на својот инстаграм-профил.
Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд ноќеска, меѓу 01:30 и 04:30 часот, спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.