Екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, со над 192 илјади евра гарантира дека нема да избега, а Кривичниот совет му поверувал, прифатил и го пуштил на слобода. По два дена, од Кривичниот суд за „Скопје1“, велат дека решението е неправосилно, а обвинител може да се жали.
„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот. Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичен суд за „Скопје1“.
Слободното движење на Рашковски доаѓа по скоро четири месеци поминати во домашен притвор. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Пресудата не е правосилна, а предметот се наоѓа пред Апелација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.