Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце вчера при контрола утврдиле дека со автобус и комби кои немале соодветна документација се вршел меѓународен превоз на патници.
При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57) од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информираат од МВР.

Од Министерството додаваат дека од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.