Надзорните камери го снимиле моментот кога возило со голема брзина се удира во полицискиот „спарк“, несреќа во која пет лица се повредени.
View this post on Instagram
Во судирот што се случи во неделата навечер нешто пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, повредени се двајца полициски службеници и тројца кумановци.
Во СВР Куманово било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И.од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово, соопшти полцијата.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.