26-годишен скопјанец приложил фалсификат документи при сообраќајна контрола.

На 31.01.2023 во 17.30 часот на автопатот А1 – штипска клучка, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода С.Ј.(26) од скопско село. При контрола на патничкото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, на увид приложил бугарска возачка дозвола и лична карта за кои подоцна било утврдено дека се фалсификат, информираа од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.